Форум на жени СДСМ: Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Форум на жени СДСМ реагира на наводите на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Тие целат дека недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, бидејќи тоа граѓаните не го заслужуваат.

„Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница.

Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент.

Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики“, велат од таму.