Сите министри на ДУИ, односно министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и министерот за финансии Фатмир Бесими потпишаа оставки од своите функции.
„Европската иднина пред сѐ!“, напишаа тие.
Истите ќе стапат на сила откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласа уставните измени.