ФОТО+ВИДЕО: Тетово е под вода! Обилни врнежи од дожд проследени со град…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер.

Во моментов голем број на сообраќајници се под вода, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.

Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има се уште врнежи од дожд и град.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека има барање за целосно исклулување на струјата во Тетово поради опасноста кон граѓаните од струен удар.

За интензитетот на невремето информираа и од УХМР.

„Силно развиено облачно јадро од кое има поројни врнежи, засилен ветер, грмежи и појава на град. Некое особено движење нема и се здржува во северен Полог“, велат од УХМР.