ФОТО: Во Скопје економски форум организиран од „Економист“ – ТВ21 медиумски покровител

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лондонскиот неделник „Економист“ во Скопје организира втор Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“.

На овој форум медиумски покровител е ТВ21.

На Самитот учесници ќе бидат познати имиња од земјата и странство.

Исто така свое учество ќе земаат и премиерот Зоран Заев, американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар, амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мери Брнз и многу други.

Темата на форумот е: „Како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот? Како може да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ? Кои се приоритетите за Северна Македонија и регионот во пост-ковид периодот?“

Самитот ќе се одржи утре (14 октомври) во Хотел „Хилтон“ во Скопје.