Франција го „стега ременот“ за да го врати огромниот долг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Францускиот министер за финансии Антоан Арман денеска изјави дека буџетот за „стегање на ременот“ има за цел да ја врати контролата врз огромниот долг на земјата, додавајќи дека владата внимателно следи како финансиските пазари гледаат на должничката ситуација на Франција.

„Мораме да ја вратиме контролата врз нашиот долг“, изјави министерот за ТВ Франс 2.

Француската влада вчера ги претстави плановите за буџетот за 2025 година, според кои се предвидува намалување на трошоците и зголемување на даноците на богатите и големите компании во вредност од 60 милијарди евра, со цел да се ублажи растечкиот фискален дефицит, пренесува Ројтерс.

Новата влада на премиерот Мишел Барние е под притисок на финансиските пазари и партнерите на Франција во ЕУ да преземат мерки откако даночните приходи оваа година не ги исполнија очекувањата и трошоците за расходи ги надминаа.