Францускиот сенат гласаше за продолжување на здравствената вонредна состојба до 31 јануари, а не до 16 февруари како што бараше владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Милошоски: Да не се чудите зошто Османи, Димитров и Заев не доаѓаат во Собрание, тие се навикнати на тајни преговори кои потоа ќе ги...

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното своеобраќање на протестот кој се одржа пред МНР...

Фајзер поднесе барање за авторизација на вакцината во ЕУ

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на...

Сенатот- горниот дом на францускиот парламент, во кој доминира десничарската опозиција, при првото разгледување на законот гласаше за продолжување на здравствената вонредна состојба, ограничувајќи ја до 31 јануари, додека владата сака нејзино продолжување до 16 февруари, јави дописникот на МИА.

Наспроти советот на владата, Сенатот исто така го укина продолжувањето, до 1 април 2021 година, на режимот за излез од здравствената вонредна состојба, кој го смета за „непотребен“ и предвидува контрола на Парламентот врз воведувањето на мерките за ограничување. Сенатот едногласно гласаше за амандманот на известувачот Филип Ба (Републиканци) со кој се предвидува повторните мерки на општо ограничување или карантин, кој стапи на сила овој петок, по 8 декември може да се одобри само со закон.

Пратениците, кои гласаа за текстот при првото разгледување минатата сабота, и сенаторите тогаш не успеаја да се договорат за заеднички текст во заедничката комисија. Новото разгледување ќе биде организирано следната недела во секој од двата домови, со цел конечното усвојување следниот петок од Националното собрание, кое може да го врати текстот како што сака.

-Колку повеќе правата на Французите се доведени во прашање, толку повеќе парламентот мора да биде таму за да ги контролира овластувањата што се воведени од владата“, подвлече во четвртокот известувачот на текстот во Сенатот Филип Ба.

Левицата, заедно со комунистичко и екологистите во мнозинство гласаа против нацрт-законот, кој „и дава премногу моќ на извршната власт со намалување на правата на Парламентот“, според Елиане Асаси, водач на сенаторите на левицата.

.