Гаши ја свикал Kомисијата за надзор на тајните служби, иако претседателот Скендер Реџепи – Зејди е на боледување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На веб страницата на Собранието на Македонија, за денеска е закажана седница за надзор на Агенцијата за националната безбедност и Агенцијаа за разузнавање, на која треба да претседава пратеникот Скендер Реџепи – Зејди.

Меѓутоа тој за „Телма“ тврди дека е моментално на боледување после операција.

„Разбрав дека има закажано седница на мојата Комисија, и дека истата ја закажал Гаши по барање на третина пратеници од комисијата, и сите од ВМРО-ДПМНЕ. НА боледување сум околу два месеци после операција на колк, и морам да мирував, а не знам кој ќе ја води седницата бидејќи и заменик претседателот Блерим Беџети не е тука. Планот ми е да ги известам странските амбасади“, рече Скендер Реџепи Зејди во разговор за „Телма“.

Гаши ја назначил пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска да ја води седницата.