Гаши: Полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми владиното мнозинство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прашање од политичките аналитичари вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, околу тоа дали е можно да се направи ново мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши посочи дека полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми сегашното.

„Да, сметам дека е полесно да се формира сосема ново мнозинство, отколку да се зголеми сегашното. Сметам дека е полесно пратеници од македонските партии да се приклучат кон новото мнозинство, отколку некој од албанските опозициски пратеници да се приклучат кон сегашното мнозинство“, истакна Африм Гаши.

Тој порача дека „сака да падне оваа влада затоа што е неспособна“.