Гаши: Владата на Заев е во криза, не може со ова мнозинство да излезе од кризата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 заедно со политичките аналитичари Сафер Селими и Бесим Хода на актуелни теми.

„Со Заев сме разговараме неколку години наназад за соработка. Имавме соработка пред една година. Ние како опозиција неколку пати кажуваме дека Владата е во сериозна криза, во секоја смисла на зборот. Има криза со пандемијата, неспособна е Владата да донесе вакцини, има сериозни потфрлања во економијата и ред други работи“, рече вeчерва во „Click Plus“ на ТВ21, Африм Гаши – лидер на Алтернатива.

Тој додава дека оваа Влада тешко да продолжи вака.

„Заев бара ние да се приклучиме кон владиното мнозинство. Пред тоа требаше сериозна анализа, да се вклучиме и експерти во преговорите, па заедно да одлучиме и конечно заедно да излеземе од оваа голема криза“, потенцираше Гаши