Гир: Нашите мисли се со семејствата и пријателите на загинатите во трагичната несреќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир изрази сочувство за жртвите во сообраќајната несреќа што рано изутринава се случи во Бугарија и во која загинаа најмалку 45 лица.

– Нашите мисли во ова време, се со семејствата и пријателите на оние кои починаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утринава. Посакуваме целосно и брзо опоравување на повредените, напиша евроамбасадорот Гир на Твитер.