Гласањето за локалните избори помина без проблеми – еве колку лица гласаа денеска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисијата вечерва на прес конференција посочи дека денеска гласале вкупно 10.653 лица од кои:

  • 1229 лица од казнено поправните установи
  • 5.477 – болни и немоќни лица
  • 304 – лица позитивни на ковид-19 или во самоизолација

„Гласањето во одредени општини за овие категории на гласачи се уште трае бидејќи избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавиле не добијат можност да гласаат“, велат од ДИК.

Од ДИК додаваат дека денешниот ден поминал без проблеми.