Главчев: Ние сме повеќе од соседи со Северна Македонија, со Мицкоски сме на исто мислење дека треба да се намалат тензиите во реториката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев денеска на НАТО Самитот проговори и за Северна Македонија.

Тој вели дека разговарал со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски со кого се на исто мислење дека треба да се намалат тензиите, и да се нормализираат односите.

„Јас со него (Христијан Мицкоски) најмногу разговарав, говоревме дека треба да се намали тензијата во реториката. Зад мене е, така да ќе го слушнете и него што ќе каже. Направивме слика, ќе ја пуштиме. Говоревме, на исто мислење сме дека треба да се намалат тензиите во реториката, затоа што знаете вообичаено меѓу граѓаните, меѓу народите, на две соседни земји нема тензии и политичарите ако не помагаат помагаат да се развиваат односите, не треба да пречат, тоа е моте сфаќање во принцип. Најдобро е да помагаат. Вчера зборувавме дека да се нормализираат односите и да се вратат на ниво од 2017-та кога беше потпишан Договорот за добрососедство“, вели Главчев.

Тој додава дека нема ништо поубаво и подобро од добри односи со соседите.

„И двајцата истото го мислиме, но ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи, за нас може да се каже и дека сме повеќе од соседи со Северна Македонија. Треба да се развие економијата, како и сите други аспекти“, вели Главчев.