Го исмејуваше геноцидот, па стана министер за заедниците – Вреди не знае како да го спречи именувањето на Стоилковиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лицето кое резолуцијата на ООН за геноцидот во Сребреница го нарече „некрофилен дизниленд“ ќе биде вицепремиер и министер во Владата на Мицкоски задолжен за односите меѓу заедниците.

Но ова не е се. Доколку пребаруваете онлајн за Стоилковиќ, ќе прочитате за неговата блисокст со Руската федерација и неговата симпатија за политиките на Вучиќ за Косово.

Не подалеку од мај 2023 година, тој учествуваше во Форумот за безбедност кој се одржа во Москва, каде беше и претсетдателот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на Српската агенција за безбедност и информации, Александар Вулин.

Стоилковиќ имаше и претходно соработка со Русија. Во 2018 година тој беше дел од делегацијата на парламентарните партии на Македонија која се сретна со зам.секретарот на Генералниот совет на партијата Обединета Русија, Сергеј Желјезнак. По средбата медиумите информираа дека „Развојот на политичката, економската и културната соработка, како и важноста на зачувувањето и јакнењето на духовните врски меѓу Русија и Македонија беа теми на разговорите“.

Иван Стоилковиќ е предложен за владин министер, предлогот утре ќе биде доставен до Собранието, но дали некој ќе има сила да го запре тоа, останува да видиме.

Зекирија Ибрахими, од коалицијата ВРЕДИ  кој исто така ќе биде дел од Владата,  прашан во Дејли Клик во врска со ова назначување, рече дека не е добра вест, но остави простор со кој се подразбира дека немаат начин како да го запраат тоа.

Ние не сме тие кои треба да да преземеме работи кои не се наша надлежност.Како што не дозволуваме г. Мицкоски да одреди кој ќе биде министер од редовите на ВРЕДИ, така и ние немаме намера да навлегуваме кој да го предложи за министер бидејќи во рамките на неговиот кабинет има доста експоненти и други партии. Секако дека реториката на Стоилковиќ не е воопшто соодветна ниту за нас како Албанци, ниту за Северна Македонија, ниту за околностите на добрососедството со Косово“, вели Зекирија Ибрахими.

Претходно на чело на Министерството за односи со заедниците беше Артан Груби. Ова министерство има обврска да се грижи за спроведувањето на Рамковниот договор од 2001 кој ги регулира односите на меѓуетничките односи во Северна Македонија. На реакција на Фејсбук, потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми напиша „ Охридскиот договор во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!

Инаку, против Стоилковиќ, партијата Бошњачкиот демократски сојуз и како и здружението Бошњачки национален совет, поднесоа кривична пријава за негирање и исмејување на геноцидот во Сребреница.