Голем пожар во Грција, во Коринт пронајдени тела на настрадани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.

Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини.

Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.

Борбата со пожарот ја отежнува силниот ветер. Вработени се околу 350 пожарникари, 110 возила, пет авиони и четири хеликоптери.

Регионалниот гувернер на Пелопонез, Димитрис Птохос изјави дека пожарот брзо се проширил и излегол од контрола поради многу силните ветрови што дувале во областа вчера. 

„Изгоре голема површина од шумата, но во моментов не можеме да процениме колку хектари. Исто така, изгореа и некои рурални куќи“, рече Птохос.