Голема измама со криптовалути во Естонија: Уапсени две лица за измама од 575 милиони долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Естонските државјани Сергеј Потапенко и Иван Турогин, се уапсени од полицијата поради тоа што се сомневаат дека измамиле илјадници луѓе со криптовалути, и притоа се стекнале со корист од 575 милиони долари.

Случајот го истражувале и од ФБИ, а американските власти сакаат да го екстрадираат тандемот. Обвинетите се товарат за измама на жртвите со цел да инвестираат во копање криптовалути наречени HashFlare, и во лажна виртуелна банка Polybius.

Меѓудругото, на измамените им биле ветени дивиденди доколку инвестираат во банката којашто всушност е лажна, при што обвинетите се здобиле со добивка од 25 милиони долари.

Истрагата во која беа вклучени 100 луѓе, од кои 15 од страната на САД, беше долга и широка, изјави Оскар Грос – одговорен за одделот на сајбер криминал на Естонија.