Едно дете почина, а три се во тешка состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.
Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба.
Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест.
Родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.
За жал, недолго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.
Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.
На трагедијата наводно и претходела поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата.
Се уште не е познато како дошло до истекувањето.