Град Скопје: Претседателот на Советот одлучи да не ја прифати иницијативата на Арсовска за итна седница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со жалење констатираме дека претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред – откажување од месечните паушали на советниците со цел истите да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов.

Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека единствено нешто кое ги интересира е месечниот паушал од 500 евра за седница, а не интересите и доброто на граѓаните. Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа својата малодушност и недостатокот на капацитет за пожртвуваност со цел остварување на општо добро, ставајќи ги своите лични финансиски интереси пред хуманоста.

Градоначаланичката на Град Скопје, Данела Арсовска како што најави, донира една своја месечна плата со цел помош на Леонид, дополнително на нејзина иницијатива Градот Скопје одржува хуманитарна акција која се одвива во сите средни училишта и јавни претпријатија под надлежност на Градот со цел што побргу да се соберат средствата потребни за лекување на младиот Леонид.