Град Скопје се пофали: И покрај сите блокади во Советот, инвестираме и реализираме голем број капитални проекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Град Скопје информираат дека и покрај сите блокади во Советот, инвестираат и реализираат голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град.

„Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија прва фаза на реализација се завршува вклучително со изградбата и на подземната инфраструктура. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ги со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување“, велат од Град Скопје.