Градоначалниците се менуваат, ѓубрето останува, дали Арачиново ќе се ослободи од дивата депонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Арачиново, освен што мачат мака со канализацијата и недостигот на вода, со години проблем имаат и со депонијата на излез на селото. Досега дојдоа и заминаа многу градоначалници, но ниту еден од нив не успеа да изнајде крајно решение за ова прашање.
Новиот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибрахими, вели дека се труди да изнајде заеднички јазик и со депонијата „Дрисла“ која се наоѓа 25км од Арачиново, со цел отпадот да се пренесува таму. Ибрахими вели дека ќе има нова реорганизација околу собирањето отпад со некоја приватно-јавна компанија.


-Планирам можеби првин да направиме една сосема нова организација во однос на ова прашање. Треба да се истакне дека комуналните претпријатија во Арачиново за жал не се функционални и дека ова нефункционалност датира уште од порано. Но, во овој случај ќе биде потребно време да направиме сосема нова реорганизација и мислам дека ќе успееме во тоа можеби со некое приватно-јавно претпријатие, со цел Арачиново да изгледа почисто, Ибрахими.


Со години градоначалниците на општина Арачиново се менуваат, но ниту еден од нив досега не успеа да изнајде решение за да го реши прашањето со дивата депонија тука над селото Арачиново.

И градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вети дека ќе бидат исчистени сите депонии во главниот град.

Го прашавме градоначалникот на Арачиново дали Арсовска стапила во контакт со него во однос на овој проблем, на што тој ни одговори дека досега немал никаква комуникација со градоначалничката на Град Скопје за расчитување на депонијата.