Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за нова претседателка на државата, во знак на протест ја напушти пленарната сала.
Тоа се должи на заклетвата на Силјановска Давкова каде наместо уставното име „Република Северна Македонија“, кажа само Македонија.
Ова прв го објави „X“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
📍 Грчката амбасадорка Филипиду 🇬🇷 демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова @gogamkd 🇲🇰 pic.twitter.com/iRlNqYbWCh
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 12, 2024
