Првиот вицепремиер Артан Груби денеска во изјава за медиумите порача дека партијата ДУИ е посилна од кога било.
„ДУИ е посилна од било кога и позастапена од кога било по квалитет во државните институции со спроведување на сите проекти“, порача Груби.
Груби рече дека извршната власт е фокусирана на реализација на проекти и, како што рече, нема потреба од дефокусирање.