„Хеликоптерот може да лета ноќе, но не да гаси пожар“, кажа Ангелов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

В.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, ја објасни ситуацијата по најавите дека хеликоптерите не можеле да дејствуваат навечер.

„Хеликоптерот може да лета ноќе, но не може да гаси пожар. Како ќе зема вода тој навечер кога ништо не се гледа. Ниту еден хеликоптер не гаси ноќе пожар. Еве гледајте и во Турција и во другите земји“, рече Ангелов.

Тој истакна дека и покрај слободниот ден вчера, откако дознал дека има пожари, веднаш се упатил кон Кочани.

Претходно Ангелов кажа дека во миговите кога бил побаран хеликоптер, тој веќе гасел во Нагоричане, а потоа немал доволно гориво, па требало да се врати да наточи гориво, а тоа ќе било доцна да пристигне во Кочани.