Хелсиншки комитет со извештај за затворите: Лоши услови, пренатрупаност…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман“, финансиски поддржан од Европската Унија. За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Управата за извршување на санкции.

Наодите во извештајот се базираат на спроведени посети од страна на мониторинг тимот кои за време на посетите изврши увид во просториите на казненопоправните установи и воспитно-поправната установа, обезбеди бесплатна правна помош и психијатриско советување на осуденички и осуденици, спроведе разговор со речиси сите директори на установите како и со вработените од редот на припадниците на затворската полиција, социјалните работници, психолозите, правниците итн. Она што беше забележано се подобрени материјални услови во дел од казнено поправните установи како и вложување на напори за едукација на вработениот кадар, но и конечното ставање во функција на Тренинг центарот во Идризово.

Покрај позитивните промени, системските недостатоци сè уште постојат. Мултисекторската соработка помеѓу надлежните институции е на ниско ниво, а како најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи како и немањето на соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација, но и за слободни и вокациски активности на осудените лица.

Целиот извештај на следниот ЛИНК.