Хоџа: Се договоривме со СДСМ во прв круг да ги мериме силите сами како партии, да видиме кој колку тежи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа.

Тој вели дека се договориле со СДСМ во првиот круг да ги мерат силите сами како партии, со цел да видат кој, колку тежи.

На прашање на модераторот за тоа како оди соработката со СДСМ, Хоџа посочи дека е одлична.

„Одлична е соработката. Се договоривме пред неколку месеци со СДСМ, на локалните избори ќе настапиме сами како партии во првиот круг за да видиме кој колку тежи како партија. И така ќе биде. Ние како БЕСА ќе победиме во повеќе општини каде ќе имаме кандидати, па после избори уште повеќе ќе се зацврсти соработката со СДСМ, но и со ДУИ“, додава Хоџа.

Покрај генералниот секретар, во студиото гостуваат и аналитичарите Арбен Раткоцери и Алберт Муслиу.