Аријанит Хоџа, претседател на ПДЕ, дел од Европскиот фронт, вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21 вели „ВМРО-ДПМНЕ треба да знае кој е победникот кај Албанците“.
Новинар: Вие велите дека ВМРО треба да знае дека вие треба да бидете на власт, а не ВЛЕН?
Хоџа: Не.
Новинар: Но, само што рековте, како не?
Хоџа: Јас ќе ви кажам една работа, доколку беше Фронтот тој што преговара за влада и беше во оваа потценувачка ситуација, јас ви гарантирам дека…
Новинар: Вие сакате ВМРО да знае дека е на власт со тие кои не ги добиле изборите, дали е вака?
Хоџа: Не, ВМРО гледаат и самите дека кога не се на власт со победниците имаат проблем со потполниот легитимитет, ова е.
Новинар: Објаснивте, само ова. Значи ВМРО треба да знае кој е победникот кај Албанците, значи вие саката да се видите себе си во власта?
Хоџа: Ние сакаме да се видиме себе си како рамноправен партнер, така како што им следи на Албанците во оваа држава.
Новинар: А не дека, на нас Албанците работите ни се лоши…
Хоџа: Не, не
Новинар: Да, да. Вие рековте прва работа да влезете во влада, вие рековте, не јас. Кој не гледа знае, прашање, одговор, прашање, одговор.
Хоџа: Ќе го формулирам уште еднаш за да објаснам што сака опозицијата дека..
Новинар: Што сака опозицијата, што сака Европскиот фронт?
Хоџа: Власта во Република Македонија треба да се формира од страна на победниците од политичките кампови на тие што ги претставуваат своите…
Новинар: ВМРО, Европски фронт, ова е тоа што го велите вие…
Хоџа: За да се реализира ова, треба да биде во форма на партнерство, а не во форма на потценување. Во моментов, власта функционира во форма на потценување на Албанците а не во форма на партнерство…и, да зборуваме ли сега за власт…
Новинар: Да зборуваме кратко и јасно…многу лесно е да се комплицира, на луѓето да им се каже не го реков така првиот пат, па да повторам вториот пат…истото го рековте…вие рековте ВМРО ги добиле изборите, а од оваа страна Европскиот фронт…
Хоџа: Да, и треба да седнеме…
Новинар: Да правите Влада заедно?
Хоџа: Не.
Новинар: Како не.
Хоџа: Сега, ние не зборуваме…за политички процеси..
Новинар: За што?
Хоџа: 2017 година, дали се направи влада без согласност на сите албански партии за употребата на албанскиот јазик, не се направи! Ние сите седнавме, во тоа време…превирања…
Новинар: Кој прифати да се направи албанскиот јазик, Заев, вие отидовте со Заев, ен со ВМРО, да прифатеше ВМРО ќе отидевте со ВМРО.
Хоџа: Но тоа беше услов….од страна на сите албански политички фактори.
Новинар: За албанскиот јазик…да…прифати Заев отидовте со Заев, да прифатеше Груевски ќе отидевте со Груевски…
Хоџа: Извинете но, ова е тоа за што се борат Албанците на крајот на краиштата, за да ги реализираат стратешките цели како народ во оваа држава. И денеска вие имате политички претставници кои се во власта кои велат дека законот го донел ДУИ…не не…, нема само ДУИ заслуги за тој закон, сите имаме заслуги за тој закон, дека ние сме го донеле заедно, сме се договориле….
Новинар: Не ми ја менувајте темата..
Хоџа: Но ова е темата.
Новинар: Темата која ја сакате вие, јас сакам просто да ми кажете дали влегувате во власта или не.
Хоџа: Албанските политички партии имаат формирано еден вид на институција политичка која била „заедничката маса“ баш за овие рааботи.
Новинар: И никој сега не трга од лични интереси…знаете и вие и јас….
Хоџа: Да беше така како беше ова предвидено немаше да ги имаме овие проблеми…ние сме сега приморани дека секој политички договор што ќе се формира во иднина да биде почетна база, нема формирање влада без да се дефинираат работите.