Христијан Мицкоски откри што прво ќе направи како нов премиер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот премиер Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите откри што прво ќе направи како нов премиер.

Тој откри дека ќе работат на законско решение за зголемување на пензиите.

„Започнуваме да работиме на новото законско решение за зголемување на пензиите на пензионерите, она кое што го ветивме во предизборието. Во првата година да имаме линеарно зголемување за секој еден пензионер од 5 илјади денари“, рече Мицкоски.

Инаку до крајот на неделата се очекува и првата седница на владата, на која, според најавите, ќе има неколку формални одлуки.