Христовски: Оваа година е посветена на подобар образвовен процес во Крушево

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Влогот во образованието е влог во иднината, порачуваат од Општина Крушево по повод 24 јануари, Меѓународниот ден на образованието.

Градските власти во Крушево нагласуваат дека оваа, 2022 година, е година на образованието. Според градоначалникот Томе Христоски, градот има со што да се пофали за подобрувањето на образовниот процес.

– Може да кажеме дека вложуваме во иднината на Општината преку подобрувањето на условите во воспитно-образовниот процес. Поттикнуваме мотив кај младите и учениците за учење и за постојана надградба. Претходната, 2021 година, ја завршивме со реновирањето на подрачното училите во крушевското село Борино, а започна и реконструкцијата на фискултурната сала во крушевското основно училиште „Никола Карев“, како и целосната промена на покривната конструкција, објаснува Христоски.

Дека оваа е година на образованието се и најавите за нови зафати за подобрување на образовниот процес.

-Во тек е процедурата за реконструкција и доградба на училиштата во селата Пресил и Бучин, а Општината работи на проекти за реконструкција на училиштата во Алданци и во Врбоец. Образованието е иднината и никогаш учениците да не престанат со учењето, да не им подлегнуваат на неправдите и да ги следат новите сознанија, порачува крушевскиот градоначалник Христоски.