На прес-конференција денеска е соопштено дека во последните 24 часа се регистрирани нови 77 случаи со Ковид-19, со што сега вкупната бројка изнесува 790 лица.
На прес-конференцијата беше соопштено за неколку случаи кои ја прекршиле самоизолацијата.
Инаку до сега во Хрватска починаа шест лица како последица од коронавирусот. Излечени се 67 лица.
