И да го отвориме Уставот, Бугарија може повторно да не блокира, мора да имаме гаранции, рече Трајанов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека и да се отвори Уставот, односно да се внесат Бугарите, сепак тие повторно можат да не блокираат.

Според него, мора да имаме гаранции.

„Нема гаранции, секоја држава може да го блокира процесот на Македонија, но ние мораме да обезбедиме некакви гаранции дека Бугарија нема да ги активира историските и образовните прашања кои се дел од францускиот предлог“, вели Трајанов.