Ибрахими: На ваков начин ги тераат албанските партии да не учествуваат во Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вечерва во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на ваков начин ги тераат албанските партии да не учествуваат во Владата.

„Имаме голем проблем со перцепцијата на власта. Во демократија, поделбата на власта е нормална, но тоа не функционира овде“, вели Ибрахими.

Тој додава дека не влегуваат во Владата за да водат војна, туку да ги поделат обврските и ја организираат работата.

„Не е важно дали Алтернатива ќе остане во Владата или не. Прашањето е учеството на албанските партии во Владата. Знаете што и направија на Алијанса кога излезе од Владата? И го одземаа министерството за здравство. Историјата на непочитување на договорите е постојана. Како ќе работиме вака?“, вели Ибрахими.

Според него, ако се претпостави дека денес ќе се отстрани Алтернатива, истото ќе и се случи на Алијанса.

„Тоа не функционира така. Истото и го направија и на Беса. Се плашам дека тоа ги тера албанските партии да не учествуваат во Владата“, додава Ибрахими.