Илон Маск ќе биде новиот соработник на Трамп доколку тој добие нов мандат во ноември

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп размислува за соработка со бизнисменот Илон Маск како советник доколку се врати во Белата куќа по изборите во ноември, објави денес Вол Стрит Џурнал (WSJ), повикувајќи се на извори.

WSJ наведува дека Трамп и Маск разговарале како сопственикот на Tesla може да даде „формален придонес и влијание“ врз економската и граничната безбедносна политика, пренесува Ројтерс.

Маск, наводно, го информирал републиканскиот кандидат како води кампања за влијание чија цел е да ги убеди бизнисмените да не го поддржуваат претседателот Џозеф Бајден во ноември.