Има или нема Арсовска бугарско државјанство? – Tаа демантира, СДСМ ја објави нејзината лична карта

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И денеска од СДСМ продолжија со обвинувањата кон противкандидатката за Град Скопје, Данела Арсовска во врска со нејзиното бугарско државјанство.

Арсовска, која ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во трката за прв човек на Скопје, вели дека ќе  направи се за да го докаже спротивното.

По објавувањето на бугарското државјанство на Арсовска од СДСМ, Зоран Заев побара од неа да се повлече од трката за Скопје каде за противкандидат го има Петре Шилегов од СДСМ. Но Арсовска денеска рече дека не и паѓа на памет да стори такво нешто.

Ова прашање стана вест и во бугарските медиуми. Порталот Труд.бг во фокусот на еден свој напис напиша “како една Бугарка е линчувана во Скопје“ а го поставува прашањето “дали е лошо да бидеш Бугарин во Македонија?“.