Има ли „сваровски“ список во МВР? Одговара Бојмацалиев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Има ли „сваровски“ список во МВР, односно дали по работното време за фотографирање во полициската станица, после 19 часот сепак се фотографирале за документи?

На ова прашање во „10 Минути“ на ТВ21 одговори дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тој вели дека ваков случај имало во Демир Хисар и покрената била дисциплинска мерка за началникот.

На прашање за тоа дали ваков случај има и во Скопје, Бојмацалиев порача дека има предмет на истрага и дека не сака да разговара на таа тема.