„Имаме информации за повлекување на големи инвеститори во индустриските зони“, вели Петровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси и основач на бизнис инкубаторот „Степап“, Дарко Петровски, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека Европа се соочува со сериозна економска криза која директно се одразува и во Македонија.

„Рецесијата не е само во Германија, таа е поширока и се чувствува низ цела Европа. Тоа веќе се рефлектира и кај нас – имам информации дека дел од големите инвеститори во индустриските зони се повлекуваат и ги затвораат своите капацитети“, рече Петровски.

Тој додаде дека повлекувањето на инвеститорите поврзани со германската индустрија доведува до суфицит на пазарот на трудот, бидејќи со намалена побарувачка од странство, домашните компании остануваат без работа. „Интересно е што во исто време фирмите велат дека немаат доволно луѓе – тоа покажува дека проблемот не е во бројот, туку во квалификациите“, нагласи Петровски.