Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени оваа недела, денеска за медицина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Имињата на овогодинешните добитници на Нобеловата награда ќе бидат објавени оваа недела во Стокхолм и Осло, а денеска ќе се знае кој ја добил наградата за медицина или физиологија.

Паричниот износ на наградата е околу еден милион евра, објавено е на веб-страницата на одборот за доделување.

Според информациите, во вторник ќе биде објавен овогодинешниот нобеловец за физика, чие име ќе биде објавено во Кралската шведска академија на науките во Стокхолм.

Името на добитникот на наградата за хемија ќе биде објавено на 9 октомври, а добитникот на Нобеловата награда за литература ќе биде објавен ден подоцна, исто така во Стокхолм.

На 11 октомври во Осло ќе биде објавено името на овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за мир.

Името на добитникот на Нобеловата награда за економија ќе биде познато на 14 октомври, а ќе биде објавено во Стокхолм.

Наградите ќе бидат доделени на церемонии во Стокхолм и Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот научник Алфред Нобел, кој ја основа наградата.