По инцидентот со косовската претседателка, доцна вечерва се огласни и поранешниот министер за надворешни работи од ДУИ Бујар Османи
„Најостро ја осудувам неприфатливата и скандалозна акција што се случи денеска на скопскиот аеродром, кон претседателот на Косово, Вјоса Османи. Овој инцидент јасно ја покажува неспособноста и неодговорноста на илегалните албански претставници во власта. Потребна е итна одговорност од узурпаторите на албанското претставништво во Владата и одговарање на одговорните за оваа срамна состојба“, пишува Бујар Османи.
Денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, при преминување на граничната контрола, обезбедувањето на претседателката на Косово предизвикало инцидент откако одбиле да го скенираат нејзиниот телефон и рачен багаж.
По интервенција, багажот сепак бил скениран. Половина час подоцна, обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши дошло и се заканувало на вработените во ТАВ, при што турнале полициски службеник. Случајот е пријавен и преземени се мерки за расчистување.