Иран му се закани на Израел: Одговорите ли на нашиот напад, следниот ќе биде уште пожесток!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иран му издаде предупредување на Израел дека ќе одговори пожестоко доколи се осмели да одговори на нивниот напад вечерва.

„Ако ционистичкиот режим се осмели да одговори на нападот, ќе следи уште еден разурнувачки удар“, напиша мисијата на Иран во Обединетите нации на социјалните мрежи.

Додадоа дека ова е легитимен одговор на терористичките напади извршени од Израел.

Ебрахим Азизи, шеф на Советот за надворешни работи на Иран, го предупреди Израел дека нивниот следен напад, доколку Израел одлучи да одговори, ќе биде уште поразорен.

„Израелските воени центри беа наша цел. Доколку Израел ја повтори грешката, ќе има втор бран напади“, рече тој.