Исчезнале седум работници од Непал кои работеле во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во два одвоени случаи во Скопје, две лица пријавиле дека исчезнале седум работници од Непал.

„На 18.06.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 18.06.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје, сопственик на правен субјект од Скопје, пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, стои во известувањето од МВР.