Исполнети капацитетите во болниците – приватните болници подготвени да помогнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Со порастот на бројот на заразени од Ковид-19 последните денови, преполнети се и болничките капацитети. Тука на Инфективната болница во Скопје, сега веќе е активирана и импровизираната болница во која се хоспитализирани пет пациенти“, истакна репортерот на ТВ21.

Оваа импровизираната болница беше изградена на почетокот на пандемијата. Немаше потреба да се употреби во првиот бран, но откако бројот повторно почна да расте, тука се хоспитализирани и првите пациенти. Нејзиниот капацитет изнесува 72 пациенти. Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани вели дека сега за сега состојбата е под контрола и дека помош понудиле и приватните болници  со кои се во интензивни преговори. Соработуваат со цел да има што повеќе капацитети.

„Што се однесува до болницата во Охрид, во моментов имаме 28 легла. Нивниот капацитет донекаде е пополнет но тие се ја менаџираат нивната работа и се во координација и со болницата во Битола. Од аспект на Инфективната клиника овде во Скопје во моментов имаме 95 пациенти, 37 од нив се на кислородна поддршка. Во болницата “8 Септември“ имаме 121 пациент. 26 се со симптоматологија и 95 се со позитивен резултат на Ковид“, посочи Арменд Арслани.

Според заменик министерот, болниците се трудат да ја надминат тешката состојба, а медицинскиот персонал работи максимално. До денеска бројот на активни случаи во нашата земја е 2612. Со најголем број активни случаи е Скопје, 1507. Не сите заразени се хоспитализирани, туку само пациентите кои се во потешка состојба, додека повеќето пациенти се на домашно лекување.