Истражување на Фајзер покажало дека трета доза на вакцина многу ја зголемува заштитата од делта сојот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Трета доза од вакцината Фајзер, силно ја зголемува заштитата од делта сојот, покажува ново истражување од Фајзер.

Истражувањето е објавено онлајн, кое е спроведено во компанијата, покажува дека нивото на антитела против Делта варијантата кај луѓе на возраст од 18 до 55 години е пет пати поголем отколку по втората примена доза.

Меѓу луѓето на возраст од 65 до 85 години, нивото на антитела е поголемо за дури 11 пати, за разлика од втората доза.

Истражувањата покажале дека нивото на антитела е многу поголемо по примена трета доза и кај оригиналната варијанта на коронавирус и бета варијантата.