Италијанската полиција спречи напади на проруски хакери за време на Изборот за песна на Евровизија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Италијанската полиција спречи хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10 мај и вчерашното финале на Евровизија во Торино.

Полицијата соопшти дека ублажила неколку сајбер напади од страна на хакерската група Killnet и нејзината поврзана Legion врз мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапот на натпреварувачите.

Килнет на 11 мај изјави дека нападнал веб-страници на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот, Горниот дом на италијанскиот парламент и Националниот институт за здравство (ISS), објави новинската агенција АНСА. Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, многу западни влади го подигнаа нивото на тревога поради можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Украинската група Калуш Оркестар победи на Евровизија, со бран поддршка од јавноста, а победата ја поздрави и претседателот на Украина Володимир Зеленски.