Итен состанок на владата на Израел: Паѓа одлука за напад на Иран

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи состанок на владата.

Ова го изјави неименуван израелски функционер за американската телевизија Си-Ен-Ен.

Состанокот на владата доаѓа во време кога израелските лидери размислуваат каков одговор треба да испратат по иранскиот ракетен напад врз нивната земја на 1 октомври.

Си-Ен-Ен потсетува дека поширокиот регион веќе е вклучен во конфликтот.

Израел ги засили воените операции во Појасот Газа, издавајќи наредби за евакуација и блокирајќи ја испораката на храна во сиромашната палестинска енклава.

Се вели дека тензиите продолжуваат на израелско-либанската граница, а десетици земји ги осудија нападите врз мировниците на Обединетите нации.

Поради израелски воздушни напади и копнена инвазија, четвртина од либанската територија е под наредба за евакуација, а вчера премиерот на таа земја повторно побара прекин на огнот.