Ивановска: Во едно Јавно претпријатие утврдивме дека има повеќе членови на УО отколку вработени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 даде пример дека комисијата утврдила во Јавно претпријатие каде има повеќе членови на Управен одбор, отколку вработени.

Ивановска не откри за кое претпријатие станува збор.

„Имавме пример од укажување на едно службено лице во Јавно претпријатие, и потоа ги докажавме сите злоупотреби на неговиот претпоставен. Утврдивме дека во претпријатието има повеќе членови на Управен одбор, отколку вработени. Не е коректно да кажам за кое претпријатие станува збор, бидејќи е предмет од укажувачи. Директорот можеше да претпостави кој е човекот, ние го заштитивме, и го разреши од неговото место. Меѓутоа предметот се прошири, и се утврди дека директорот правел и други злоупотреби и ние поднесовме кривична пријава. Директорот во меѓувреме почина од корона, и веќе го нема, но трагите кои останале во лузните на човекот кој укажа се вечни. Помина човекот многу трнлив пат навистина, и ние со сите сили се обидовме да го заштитиме“, изјави Ивановска.