Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска комисија вечерва во „Клик Плус“ кажа дека е загрижена за градбата кај Холидј Ин во центарот на Скопје и дека е зачудена од молкот на Обвинителството каде што е процесиран предметот.
„За предметот кај Холидеј Ин немаме одговор, и јас сум многу загрижена, затоа што предметот е од висок јавен интерес, и се гради по детален урбанистички план неусогласен со генерален урбнистички план. Тоа е незаконски. Ние го дадовме предметот на Обвинителство пред да бидат ставени темелите, утврдивме неправилности и при продажбата, и во градбата, дадовме кривична пријава до сите, од планерите, до град Скопје, до Министерството за транспорт и врски. И немаме одговор, и на последната сседница одлучивме за преставка на судскиот совет да изврши ревизија на обивнителот за тој предмет“, изјави Ивановска.