Изменет сообраќаен режим во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, денеска од 7 до 14 часот, дел од автобусите во јавниот превоз ќе функционираат по изменет распоред, додека некои линии нема да сообраќаат воопшто. Линиите што нема да бидат активни се: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б.

Според ЈСП „Скопје“, линиите кои ќе продолжат да сообраќаат без промени се: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В, како и приградските линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.

Автобусите со следните броеви: 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67, 70, 50, 50А, 57, 59, 59А, 58, 58а и 58б ќе имаат изменет режим на сообраќање. Информации за измените може да се најдат на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Во соопштението од ЈСП „Скопје“ се наведува дека сите учесници на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

МВР, од своја страна, објави дека од 8 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради настанот. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на патиштата по кои ќе се движат натпреварувачите.

Трасите на движење за различните трки се следниве:

5 км: Старт кај Собрание на РСМ, ул. „11 Октомври“, бул. „Крушевска република“, бул. „Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу бул. „Трета македонска бригада“ и ул. „Коста Новаковиќ“, и назад до целта на плоштад „Македонија“.

Маратон, полумаратон и штафетна трка: Старт од Собрание на РСМ на ул. „11 Октомври“, право кон „Рекорд“ по ул. „Димитрие Чуповски“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „Војвода Васил Чакаларов“ до крстосницата со ул. „Ангел Динев“, полукружно назад до Собрание на РСМ, па продолжување по ул. „11 Октомври“, бул. „Крушевска република“, бул. „Трета македонска бригада“, ул. „Васко Карангелевски“, бул. „Јане Сандански“, бул. „Србија“, и назад по истите улици до плоштад „Македонија“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници во времето на настанот.