Израел: Она што се случи вечерва ќе има сериозни последици

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека израелските воздухопловни сили вечерва „ќе извршат моќен напад на Блискиот Исток“.

„Израелските и американските системи за противвоздушна одбрана ефикасно одговорија на нападот од ирански ракети оваа вечер“, рече Хагари, пренесе Би-Би-Си.

Вечерва Иран изврши сериозен напад кој го турка Блискиот исток кон ескалација, додаде тој и му порача на Иран дека она што се случи вечерва „ќе има сериозни последици“.