Израел се закани: Трите држави кои ќе ја признаат Палестина ќе сносат тешки последици

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелското Министерство за надворешни работи во четвртокот ги предупреди амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка дека нивното признавање на палестинската држава ќе има „тешки последици“.

„Ќе има тешки последици во односите со овие земји поради нивната одлука“, најави Џејкоб Блиштајн, генерален директор на Министерството за надворешни работи, по средбата со амбасадорите.

Тие беа поканети на разговори еден ден откако нивните земји објавија дека ќе ја признаат Палестина на 28 мај. 

На средбата на амбасадорите им беше прикажано видео од киднапирањето на пет жени војници за време на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Се додава дека ова признавање ќе го отежне договорот за ослободување на заложниците кои се држат во Газа.