Изречени 224 санкции за брзо возење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Во сообраќајна контрола вчера на територијата на државава изречени се 224 санкции за брзо возење.

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.