Извршниот директор на ММФ: Народната банка правилно постапи со одземање на дозволата на „Еуростандард“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пад на водостојот на поголем дел од реките

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи...

Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени...

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“. „Имам...

Нов, непознат, вид на коронавирус пронајден во познатиот зимски туристички центар во Германија

На клиника во Гармиш-Партенкирхен, според пишувањата на германските медиуми, пронајден е нов, досега непознат сој на коронавирус. Во болницата...

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење, 14 за минување кроз црвено

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за...

Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, смета извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони де Ланој.

Де Ланој, кој е член на Извршниот одбор на ММФ и е задолжен за Северна Македонија, на состанокот со тимовите на Народната банка и Министерството за финансии одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка и фокусиран на состојбите во банкарскиот систем, оцени дека Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Искажувајќи поддршка за постапувањето на Народната банка, Де Ланој се осврна и на некои од изјавите и случувањата по затворањето на „Еуростандард банка“.

– Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности, рече Де Ланој.

Исто така, како што соопшти Народната банка, тој жали што има шпекулативни и неточни јавни изјави дадени од некои засегнати страни, во врска со банкарскиот систем и Народната банка.