Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ја видела видео снимката на која може да се види како ракометарот Денис Тот е нападнат пред локал.
Според неа, впечатливо е тоа што веќе од првиот удар истиот паднал и не се мрда.
„Тоа ми падна впечатливо е уште од првиот удар, не можам да проценам колку е силен ударот, но тој понатаму не се помрднува. Можеби во тој моментот престанува да дише и нема циркулација. Ако нема циркулација, тогаш нема модрици. Со оглед на томографијата, веројатно многу долго мозокот останал без кислород. Тој момент е клучен. Јас не знам дали има временски кога се случува, и кога е повикана итната помош, колку трае“, додава Мојсова.